Достапни линкови

logo-print

Промоција на албумот „Лектира“


Албумот „Лектира“

Албумот „Лектира“

Бени и НОН СТОП, во четврток во скопскиот клуб Колосеум, ќе ја сторат концертната промоција на албумот Лектира, албум на кој се забележани осум македонски рок класици и остварување кое не само што ги реоткрива песните со кои раснеле повеќе генерации, туку станува и брана пред полупродуктите од домашнава и регионалните сцени.

Дал да плачам ил да пејам на БИС-БЕЗ, Неправда на ПУ, Високи штикли и црни чорапи на КОНКОРД, Чукни во дрво на ЛЕБ И СОЛ...се само некои од песните чии кавер верзии се најдоа на Лектира, новиот албум на Арбен Шаќири и неговиот состав НОН СТОП што беше објавен деновиве. Се работи за личен одбир на овие музичари кои посегајќи по минатото всушност го креваат својот глас против невкусот и полупродуктите со кои катадневно сме бомбардирани од медиумите.
Не е само одавање почит на овие имиња, туку на сите оние коишто во изминативе 40 години правеле нешто во музиката, а кои што на овој или оној начин не успеале да продолжат да се бават
со тоа.


„Не е само одавање почит на овие имиња, туку на сите оние
Бени Шаќири
кои што во изминативе 40 години правеле нешто во музиката, а кои што на овој или оној начин не успеале да продолжат да се бават со тоа. Не ја почувствував одговорноста која што самиот на себе си си ја поставив. Сакав да ги одработам бидејќи ги чувствувам како песни како да се правени за мене. Многу едноставности има во тие композиции. Сакам да кажам, има многу чесност и душа во нив“, истакнува Шаќири.

Тој дополнува дека при подготовката на ова остварување имал несебична подршка од авторите на овие песни и дека соработката со нив не е завршена.
Сакав да ги одработам бидејќи ги чувствувам како песни како да се правени за мене. Многу едноставности има во тие композиции. Сакам да кажам, има многу чесност и душа
во нив.

„Сите дадоа бланко поддршка и никој не побара да ја чуе финалната снимка. Влатко Стефановски во една прилика ми рече: Не само таква дозвола, туку ако ти треба било што во смисла на помош, слободно обрати ми се во било кое време.“

Говорејќи, пак, за сопственото делување на Македонската поп-рок сцена и за она што претставува музичка понуда кај нас, Бени со забелешка:

„Ние сме музикални како народ, имаме многу музика овдека, имаме многу ритми, имаме идеа, имаме фантастични текстописци, пакувањето кај нас, стратегијата на продолжување на векот на тие песни е ужасен.“

Концертот на Бени и НОН СТОП е планирано да се одржи во клубот Колосеум, просторот што во последно време стана идеален за сите случувања од овој тип во градов, но итересно е тоа што на потписникот на албумот Лектира тука и не му завршуваат амбициите.

„Новата музика сигурно ќе се случи во 2011 година, дали тоа ќе биде некаков макси сигнал, на кој што овдека заборавивме. Ќе се обидам да најдам начин да тој нов материјал живее цело време, да не се заборави.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG