Достапни линкови

Случај „Ахмети“


Али Ахмети, претседател на ДУИ

Али Ахмети, претседател на ДУИ

Ваљон Беља ги покажа документите со кои се обидува да докаже дека Али Ахмети бил кодош. Беља не и верува на Комисијата за лустрација и документите нема да ги достави до неа.

Преку прикажување на три документи, лидерот на Албанскиот сојуз, Ваљон Беља се обиде да докаже дека лидерот на ДУИ Али Ахмети, бил соработник на УДБА. Во еден од нив се тврди дека за таканаречените акции Трилинг и Океан, на лицето под псевдоним Ибар му биле исплатени 7500 швајцарски франци. Од Албанскиот сојуз велат дека ова се само дел од документите со кои се докажува дека повеќето функционери на ДУИ биле кодоши.
Ова е процес на лустрација, но надвор од институциите. Сметаме дека политичката сцена мора да се исчисти од политичари коишто се сомнителни дека соработувале со бившите тајни
служби.


„Ова е процес на лустрација, но надвор од институциите. Сметаме дека политичката сцена мора да се исчисти од политичари коишто се сомнителни дека соработувале со бившите тајни служби. Ова би требало да заврши на што побрз начин.“

Но, од Албанскиот сојуз велат дека ќе размислат дали документите ќе ги достават до комисијата за лустрација, која меѓу другото треба да утврди дали истите се оригинали. Се сомневале во работата на комисијата.

„Самиот факт што во Комисијата за лустрација се надгласува аргументот и доказот, тоа ни остава простор сериозно да размислиме дали да ги доставиме или не.“

Комисијата за лустрација, пак, може да постапува само доколку до неа бидат доставена
Самиот факт што во Комисијата за лустрација се надгласува аргументот и доказот, тоа ни остава простор сериозно да размислиме дали да ги доставиме
или не.
целосната документација. Претседателот на комисијата Томе Аџиев објаснува дека комисијата не покренува постапка само врз основа на слушнат глас во јавноста.

„Ако се оргинали Комисијата ќе постапува и ќе ги оценува. Ако не се оргинали, тогаш си има други органи кои оценуваат за фалсификат или било што друго направено. Комисијата не е орган што гони.“

Во меѓувреме генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми, го обвини Бела дека е сателит на Мендух Тачи, сугерирајќи му дека доколку сака навистина да биде лидер на некоја политичка партија, не треба да се занимава со вакви нискости. Од ДУИ соопштија дека веќе ги имаат подготвено пријавите за фалсификаторите и нарачателите, но тоа ќе го направат откако институциите до крај ќе го разјаснат случајот.

Беља изјави дека е загрижен за својата безбедност, но дека заканите немало да ги исплаши да ја водат како што рече битката против криминалците кои се идентификуваат како политичари.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG