Достапни линкови

logo-print

Ѓукановиќ поднесе оставка


Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска објави дека по скоро 20 години се повлекува од извршната власт.

,,Сакам да ве информирам дека донесов одлука да дадам оставка на местото претседател на владата,, изјави Мило Ѓукановиќ на денешната прес конференција, додавајќи: ,,Оваа одлука не е ненадејна, ниту избрзана, ниту пак донесена под нечиј притисок како што некои злонамерно тврдат.,,

На негово место доаѓа досегашниот негов заменик и министер за финансии Игор Лукшиќ. Мило Ѓукановиќ кој во извршната власт на Црна Гора е над 20 години сепак изјави дека останува претседател на владејачката Демократска партија на социјалистите.

Тој пет пати беше избиран за премиер,а еднаш за претседател на Црна Гора.
Мило Ѓукановиќ пет пати беше избиран за премиер,а еднаш и за претседател на Црна Гора.

Сојузник на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ во почетокот на неговото владеење во времето на распадот на Југославија, Ѓукановиќ во текот на изминатата деценија стана заговорник на црногорската независност и самостојност до која, под негово раководство и дојде во 2006 година.

Истата година тој донесе одлука да се повлече од местото премиер, но ја задржа челната позиција во неговата партија, како и пратеничкиот мандат.

По година ипол тој се врати на премиерската функција. Повлекувањето на Ѓукановиќ, според аналитичарите, претставува крупен настан за Црна Гора со оглед на фактот што таа доби кандидатски статус за Европската унија.

Аналитичарите сепак велат дека ќе биде интересно да се следат односите во владејачката партија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG