Достапни линкови

ЕК: Неприфатлив е неуспехот на аеродромите


Европската Комисија соопшти дека е неприфатлив сообраќајниот хаос што е предизвикан од неуспехот на аеродромите да се справат со снегот“. Еврокомесарот за транспорт Сим Калас изјави дека планира деновиве да се сретне со претставниците на аеродромите за да изнајдат начин побрзо да се реши проблемот.
Ваквиот коментар следува по соопштението на британските власти за покрената истрага за тоа дали компанијата што управува со аеродромот Хитроу ги презела сите мерки за справување со зимските услови. Новите снежни наноси предизвикаа дополнителни проблеми во авиосообраќајот во Европа. И денеска стотици летови се одложени од аеродромите во Лондон, Париз, Амстердам и Брисел.
XS
SM
MD
LG