Достапни линкови

logo-print

Данска покрена обвинение против Чеченец за тероризам


Данската полиција соопшти дека покренала обвинение за тероризам против чеченецот Лорс Дукаев поради обид за поставување на експлозив во весникот што ги објави карикатурите со муслиманскиот пророк Мухамед. Дукаев на 10 сепември беше повреден при експлозија на писмото бомба кое сакал да го испрати до весникот. Полицијата соопшти дека го сменила обвинението откако нашла докази во неговиот компјутер. Дукаев ги негира обвиненијата.
XS
SM
MD
LG