Достапни линкови

Белорусија ќе ги „ликвидира“ партиите што учетвувале во протестите


Протетсите во Минск

Протетсите во Минск

Белоруската влада денеска соопшти дека можеби ќе ги укине политичките партии кои биле вклучени во масовните протестите по претседателските избори во неделата. Министерот за правда Виктор Голанов изјави дека владата ќе истражи кои партии учествувале и ќе го покрене прашањето за „нивно ликвидирање“.
Полицијата на протестите уапси 7 од 9-те претседателски кандидати.Од нив петмина се уште се во притвор.

Демонстрантите ги обвинија властите за фалсификување на изборите за реизбор на претседателот Алксандар Лукашенко. Судот денеска им одреди 15 дневен притвор на околу 600 луѓе кои беа уапсени на протестите.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации Нави Пилај изрази загриженост за ситуацијата и побара од властите да го почитуваат „правото за мирни демонстрации и слобода на говор“.
XS
SM
MD
LG