Достапни линкови

СТАРТ договорот пред ратификација


Претседателот на САД Барак Обама на состанок со сенаторите за СТАРТ договорот

Претседателот на САД Барак Обама на состанок со сенаторите за СТАРТ договорот

Во американскиот Сенат не минаа напорите на републиканците да внесат измени во новиот договор за намалување на стратегиското нуклеарно оружје меѓу Соединетите држави и Русија. Претходно Москва предупреди дека нема да прифати никакви измени на она што е веќе договорено.

Републиканските сенатори бараа амандмани во Новиот договор за намалување на стратегиското оружје, попознат како СТАРТ, со кој ќе се воспостават позачесетени инспекции, ќе се дозволи поголем број на ракети и започнување преговори со Москва за тактичкото нуклеарно оружје.

Но, демократските сенатори, кои го контролираат горниот дом на американскиот Конгрес лесно ги отфрлија амандманите.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди против секакви измени, наведувајќи дека Москва не сака повторни преговори за него.

,,Спогодбата не може повторно да биде отворена и не може да стане предмет на нови преговори,, оцени Лавров кој смета дека таа треба да остане онаква каква што е.

Договорот со кој е предвиедно намалување на нуклеарните арсенали на Соединетите држави и на Русија во однос на периодот од Студената војна се уште чека на усвојување во двете земји.

Попрецизно со документот се предвидува максимум од 1550 боеви глави за секоја земја во наредниве седум години, односно намалување од 30 насто од нуклеарното оружје.

Договорот всушност е наследник на претходниот СТАРТ од 1991 година, а чија важност
За СТАРТ ќе се гласа пред Конгресот да замине од градот за претстојните празници. За оваа спогодба се преговораше многу месеци пред да биде потпишана во април. Значи имаше многу време да се разгледа.
истече уште во декември лани. Договорот во април годинава во Прага го потпишаа Барак Обама и Дмитри Медведев.

Белата Куќа инсистира тој да биде ретификуван до крајот на годинава.

,,За СТАРТ ќе се гласа пред Конгресот да замине од градот за претстојните празници. За оваа спогодба се преговораше многу месеци пред да биде потпишана во април. Значи имаше многу време да се разгледа. Да не ја спомнувам дебата во Конгресот што по времетраењето ги надминува дебатите за претходните договори.,,

Изјави портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс. Во Сенатот денеска би требало да се одржи гласање за завршување на дебатата по што до крајот на неделава би дошло и до конечно изјаснување на сенаторите за ратификацијата на СТАРТ.

Демократите имаат мнозинство, односно 58 од стоте места во Горниот дом. Но за ратификација на некој меѓународен договор се потребни две третини од гласовите, тоест 67 сенатори.

За да стапи во сила СТАРТ треба да биде ратификуван и од рускиот парламент, кој пак го чека исходот во Вашингтон. Спогодбата е централен дел на напорите на Обама за ресетирање на односите со Русија.

Во минатите месеци Москва стана покооперативна во врска со некои работи кои се критични за американската безбедност.

Русија ги поддржа санкциите против Иран опоради неговата нуклеарна програма и се согласи на транзитен коридор за снабдување на сојузничките сили во Авганситан.

Нератификувањето на СТАРТ би можело сето тоа да го стави под прашалник.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG