Достапни линкови

logo-print

Русија и Индија го продлабочуваат партнерството


Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска во Њу Делхи потпиша серија билатерални договори, меѓу кои и за заедничко производство на борбени авиони и за руско поголемо учество во изградбата на нуклеарна централа во јужна Индија. Индискиот премиер Манмонах Синг, по разговорите со Медведев изјави дека со овие договори се продлабочува партнерството меѓу двете земји. Инаку, Индија очекува подршка од Русија и за нејзините обиди да стане постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG