Достапни линкови

Пратеничката Бендевска казнета за клевета


Основниот суд во Битола донесе одлука пратеничката од СДСМ Весна Бендевска да му исплати 320.000 денари на министерот за одбрана Зоран Коњановски за клевета во предизборната кампања во 2008 година.
Бендевска е казнета и со парична казна од 50 дневни глоби во износ од 25 евра во денарска противвредност, односно 76.875 денари денари кои треба да ги исплати во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата. Обврзана е да ги надомести и судските трошоци во износ од 8.000 денари.
За време на предвремените избори, Бендевска го обвини министерот Коњановски дека во периодот кога бил директор на РЕК „Битола“ имало голем број хаварии, намалено производство и разни други проблеми во работењето на компанијата.
XS
SM
MD
LG