Достапни линкови

600 демонстранти во Белорусија добија по 15 дена затвор


Судот во Белорусија денеска им одреди 15-дневен затвор на околу 600 луѓе поради учество во протестите против реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Полицијата во Минск не соопшти колку луѓе се соочуваат со посериозни обвинувања и можни поголеми казни. Според официјалните податоци, Лукашенко на изборите освои речиси 80 насто од гласовите, додека второ-пласираниот против-кандидат помалку од 3 насто.
XS
SM
MD
LG