Достапни линкови

Вељаноски во посета на Израел


Претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Израел, на покана на неговиот израелски колега Реувен Ривлин. Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Собранието на Израел. Предвидено е Вељаноски да се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман. Делегацијата од Собранието ќе го посети и Меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем“. За време на посетата на Ерусалим, Вељаноски ќе биде примен и од изралескиот претседател Шимон Перес.
XS
SM
MD
LG