Достапни линкови

logo-print

Ѓукановиќ ќе си поднесе оставка


Мило Ѓукановиќ

Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска ќе си поднесе оставка потврдија од Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, чиј лидер е Ѓукановиќ. Црногорските медиуми јавуваат дека се очекува сегашниот вицепремиер и министер за финансии Игор Лукшиќ да ја наследи премиерската функција. Не се наведува причината за оставката на Ѓукановиќ. Тој и во 2006-та си поднесе оставка, но се врати на премиерската функција во февруари 2008 година. Ѓукановиќ во 1991-та имаше 29 години, кога стана најмладиот премиер во Европа . Тој беше избран за претседател на Црна Гора во 1998 година,
пред повторно да биде избран за премиерот во 2002 година и 2008 година.
XS
SM
MD
LG