Достапни линкови

Сенатот во САД гласа за новиот СТАРТ договор


Белата куќа изрази уверување дека новиот договор СТАРТ ќе биде ратификуван во нареднитее неколку денови и покрај противењата на републиканците и нивниот обид да го одложат гласањето. За денеска е закажано првото гласање. Роберт Гибс портпаролот на американскиот претседател Барак Обама изјави дека Сенатот ќе го ратификува новиот договор пред почетокот на зимската пауза во Конгресот. Демократите имаат 58 места од вкупно 100 во Сенатот, но за ратификација на меѓународниот годовор се потребни две третини или вкупно 67 гласови, што значи дека договорот треба да го подржат најмалку уште 9 републиканци.
XS
SM
MD
LG