Достапни линкови

Турција против резолуцијата за убиство на Ерменците


Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека турските власти го повика американскиот претседател Барак Обама да го спречи гласањето на резолуцијата во Конгресот со која како геноцид ќе се класифицираат масовните убиства на Ерменците
за време на Првата светска војна. Давутоглу, изјави дека турксиот премиерот Реџеп Таип
Ердоган напишал писмо до Обама во кое предупредува дека ако резолуцијата се усвои , тоа ќе ги влоши американско-турските односи. Според Ерменија, 1,5 милиони Ерменци се убиени од страна на отоманските Турците во периодот од 1915 до 1917 и за нив станува збор за геноцид. Но Турција го негира тоа. Во Сенатот на САД, денеска треба да се гласа за усвојување на резолуцијата.
XS
SM
MD
LG