Достапни линкови

logo-print

Франција го критикува Иран за затварањето на режисерот


Министерот за култура на Франција Фредерик Митеран го критикуваше Иран, затоа што го затворија режисерот и подржувач на опозицијата Џафар Панахи. Тој е осуден на шест години затвор и му е забрането следните 20 години да прави филмови и да патуваат во странство. Францускиот министер изјави дека казната е "неприфатлив напад " врз слободата на изразувањето. Панахи е обвинет од страна на иранските власти дека работел против владејачката партија.
XS
SM
MD
LG