Достапни линкови

Русија предупреди да не се прават промени на СТАРТ договорот


Русија ги предупреди американските законодавци дека доколку направат какви било промени на договорот за намалување на нуклеарното вооружување можат да го уништат договорот. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за новинската агнеција Интерфакс изјави дека договорот не може да стане предмет на нови преговори. Дел од Републиканците сметаа дека треба да се направат некои промени затоa што ваквиот договор може да ги ограничи националните безбедносни опции. Рускиот парламент ќе го ратификува договорот кога тој ќе помине во американскиот сенат
XS
SM
MD
LG