Достапни линкови

Инвестиции само во трговски центри


Градскиот трговски центар
Градскиот трговски центар

Наместо производствени капацитети, трговски центри. Таквите инвестиции се позитивни, но неможат да влијаат врз економскиот развој, велат економистите.

Изградбата на новиот трговски центар во Скопје за кој ќе бидат инвестирани 80 милиони евра за експертите е позитивна поради тоа што ќе отвори нови работни места, но тоа нема да влијае врз економскиот развој на земјата, бидејќи не се работи за директни инвестиции. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека владата не ги исполни ветувањата дека ќе го стимулира стопанството со привлекувањето на големи имиња на
Ова значи дека зголемувањето на приходите од продажба на секој од ново отворените трговски центри всушност ќе биде на директна сметка на трошковите на другите трговски центри или на малите и средни семејни бизниси и продавници, и се разбира дополнително ваквите трговски центри посебно кога се финансирани од странски инвеститори имаат природна тенденција да продаваат производи од матичните земји
светски познатите компании во земјава. Според Хајредини новите трговски центри се само замачкување на очите на јавноста дека нешто се работи на тој план.

,,Владата ангажираше бројни економски аташеа да одат по разни амбасади и да ,,чукаат" кај потенцијални инвеститори, но никој не замислувал дека тоа ќе бидат трговски центри, други поголеми странски инвестиции кои ќе произведуваат не само за домашниот пазар туку и во околните земји."

Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека новите трговски центри имаат краткорочен ефект врз домашната економија.

,,Понатамошниот реален ефект врз домашното БДП е минимален, а во некој случај дури може да биде и негативен на среднорочна и долгорочна основа. Се разбира дека овие центри ќе вработуваат нови лица, но тоа е само дел од приказната на макроекономско ниво."

Дончев додава дека проблемот е во тоа што тие се бават со трговска дејност, а потрошувачката на граѓаните е релативно иста секоја година.

,,Ова значи дека зголемувањето на приходите од продажба на секој од ново отворените трговски центри всушност ќе биде на директна сметка на трошковите на другите трговски центри или на малите и средни семејни бизниси и продавници, и се разбира дополнително ваквите трговски центри посебно кога се финансирани од странски инвеститори имаат природна тенденција да продаваат производи од матичните земји."

Според експертите во Македонија освен Гринфилд инвестициите кои значат отварање на нови производствени капацитети, заостанува и продажбата на компании на странски партнери кои би ја прошириле работата, како и на компании кои би ги пласирале своите производи на домашниот пазар.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG