Достапни линкови

Милошоски очекува догодина датум за преговори


Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека очекува наредната година Македонија да добие датум за преговори за членство во Европската Унија бидејќи Унгарија и Полска како земји идни претседавачи со Унијата, би требало да имаат поголемо чувство и поголемо внимание за процесот на проширување. Тој додаде дека државниот врв има усогласени ставови, јасни позиции и решителност дека треба да продолжи македонско-грчкиот дијалог под покровителство на ОН затоа што тоа е најдоброто место за одбрана националните интереси
XS
SM
MD
LG