Достапни линкови

Ештон побара ослободување на кандидатите во Белорусија


Белорусија, Опозициските демонстранти синоќа насилно влегоа во Парламентот

Белорусија, Опозициските демонстранти синоќа насилно влегоа во Парламентот

Шефот на дипломатија на Европската Унија Кетрин Ештон денеска ја повика Белорусија да ги ослободи уапсените опозициски кандидати и го критикуваше синоќешното насилство на протестите по затворањето на гласачките места. Набљудувачката мисија на Русија соопшти дека изборите во Белорусија се легитимни. Во текот на денот се очекува да излезе со соопштение и набљудувачката мисија на ОБСЕ која вчера имаше поставено 400 набљудувачи на избирачките места. Белоруските власти соопштија дека претседателот Александар Лукашенко победи на изборите со освоени речиси 80 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG