Достапни линкови

Во Иран обесени 11 членови на сунитската Џундала


Преставник на судските власти во иранската провинција Систан – Белучистан изјави дека 11 членови на сунитската милитантна група Џундала се обесени. Оваа група ја прифатила одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад минатаата недела врз погребна церемонија на шиити. Според иранските власти, групата била вмешана во терористички напади, судири со полицијата и убиства на невини луѓе. Џундала пак тврди дека сунитите се дискриминирани во домонантно шиитскиот Иран.
XS
SM
MD
LG