Достапни линкови

Албанија ги негира наводите на Дик Марти


Дик Марти

Дик Марти

Албански официјални лица ги отфрлија обвинувањата дека државата е вклучена во трговијата со човечки органи, како што се тврди во извештајот на Дик Марти, известувачот на Советот на Европа.
Заменикот премиер на Албанија Илир Мета изјави дека извештајот на Марти е полн со предрасуди и дека е основан врз невистини, а министерот за внатрешни работи Љуљзим Баша дека неговите тврдења се неосновани и дека не се докажани поради недостиг на факти.
Претходно извештајот на Дик Марти го отфрли претседателот Бамир Топи и премиерот Сали Бериша.
Министерот Баша во Скадар на прашањата од новинарите дека во некои медиуми се посочува дека бил присутен во „жолтата куќа“, изјави дека тоа не е точно.
XS
SM
MD
LG