Достапни линкови

Турција со протестна нота до Израел


Претседателот Абдула Ѓул и сопругата Харуниса

Претседателот Абдула Ѓул и сопругата Харуниса

Турција упати протестна нота до Израел поради договорот меѓу Израел и Кипар со кој се определуваат границите на исклучителната економска зона на двете земји во Средоземно море.
Израелскиот амбасадор во Турција Габи Леви бил повикан во Министерството за надворешни работи во Анкара при што му била врачена протестната нота.
Турското МНР наведува дека „таквите еднострани иницијативи ги игнорираат желбите на кипарската турска страна и ќе имаат негативни последици врз преговорите за кипарското прашање“.
Кипар и Израел потпишаа договор со кој се утврдува морската граница, за да продолжат испитувањата на наоѓалиштата на нафта.
XS
SM
MD
LG