Достапни линкови

Малики ќе ги објави номинациите за новата влада на Ирак


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики се очекува денеска да ја објави листата на членови на неговиот нов коалиционен кабинет, со цел да се стави крај на девет месечниот политички ќор-сокак, по изборите во земјата во март годинава. Малики има рок до 25 декември да ја оформи листата и да ја даде на усвојување во парламентот. Според соопштението Малики се уште не се одлучил кој ќе биде номиниран за министер за внатрешни работи, како и за одбрана и национална безбедност на земјата.
XS
SM
MD
LG