Достапни линкови

Сенатот на САД ќе го стави на гласање СТАРТ?


Членовите на демократската партија на американскиот претседател Барак Обама соопштија дека ќе се обидат деновиве во Сенатот да го стават на гласање новиот договор за нуклерано вооружување СТАРТ меѓу САД и Русија. Лидерот на партијата Хери Рајд изјави дека тие планираат да стават крај на дебатата во четврток и да гласаат пред законодавците да земат одмор за Божиќ. Демократите веруваат дека ќе ги имаат потребните 67 гласа во Сенатот за да се одобри новиот стратегиски договор
XS
SM
MD
LG