Достапни линкови

logo-print

Судири во Белорусија


Опозициски протести во Минск

Опозициски протести во Минск

Протести во Минск. Опозицијата не ги признава резулатите од изборите за претседател, за кои смета дека се наместени во корист на актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Дописникот на Радио Слободна Европа од Минск јави дека демонстрантите кои протестираат против претседателот Александар Лукашенко вечерва влегле во Парламентот. Дописникот јавува и за судири со полицијата.

Како што претходно јавивме опозицијата во Белорусија за вечерва, по затворањето на гласачите места, најави протести поради, како што сметаат, очекуваното фалсификување на изборите за да победи актуелниот претседател Алексанадар Лукашенко.



Тој, пак, откако гласаше, изјави дека по изборите ќе соработува со некои од неговите противници кои се „нормални луѓе“, но како што вели, нема да има дијалог со „бандити и диверзанти“.

Лукашенко пред новинарите се закани дека против најавените демонстранти ке се дејствува според законот.

Претходно полицијата и државната агенција за безбедност предупредија дека ќе преземат остри мерки за да се справат со секој што ќе се обиде да крене тензија на изборите.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG