Достапни линкови

logo-print

Обама: Односите со Турција сега се „поважни од кога било “


Американските односи со Турција се „ поважни од кога било“ и покрај разликите околку Иран.Ова во интервју за турскиот весник Харијет го изјави американскиот претседател Барак Обама. Тој додаде дека заедничките интереси и вредности на двете земји ја поткрепуваат нивната врска и кога постојат недоразбирања. Обама изјави дека останува посветен на пронаоѓање на дипломатско решение за тензиите околу Иран, но како што вели, Исламската република не успеа да ја убеди меѓународната заедница дека нуклеарната програма на Техеран е за мурољубиви цели. Тој додаде дека цврсто верува оти Турција го дели ставот за спречување на нуклеарно вооружување на Иран.
XS
SM
MD
LG