Достапни линкови

Опозицијата во Белорусија најави протести


Белорускиот претседател Александар Лукашенко со неговиот син

Белорускиот претседател Александар Лукашенко со неговиот син

Опозицијата во Белорусија најави за вечерва протести по затворањето на гласачите места поради како што велат очекуваното фалсификување на изборите за да победи актуелниот претседател Алексанадар Лукашенко, јавува новинската агенција Ројтерс. Лукашенко откако гласаше изјави дека по изборите ќе соработува со неговите противници кои се „нормални луѓе“ но како што вели нема да има дијалог со „бандити и диверзанти“ Тој пред новинарите додаде дека нема потреба да се грижат за вечерва, затоа што нема да има никој на плоштад. Претходно полицијата и државната агенција за безбедност предупредија дека ќе преземат остри мерки за да се справат со секој што ќе се обиде да крене тензија на изборите.
XS
SM
MD
LG