Достапни линкови

logo-print

Снегот ја зароби Европа


Велика Британија

Велика Британија

Снегот и ниските температури и денеска предзвикаа закочување на автопатите и железничкиот сообраќај во неколку земји во Европа.
Илјадници автомобили се завеани и заглавени на автопатите низ Европа.
Во близина на Манчестер стотина луѓе ја поминаа ноќта во автомобил на автопат кој е непрооден поради снегот.Слична е и ситуацијата на автопатите во Германија и Италија.
Снег и мраз ја заробија Скандинавија каде метеоролозите соопштија дека ова е најстуден почеток на зима во последниве 150 години.
Аеродромите во Британија, Германија, Франција, Шпанија, Холандија и Данска го откажаа поголемиот дел од летови.
150 вработени во лондонскиот аеродромот Гетвик синоќа со часови ја чистеле пистата, но и покрај тоа официјалните лица утрово соопштија дека многу летови ќе бидат или одложени или откажани.
XS
SM
MD
LG