Достапни линкови

Иран се подготвува за немири?


На улиците во Техеран е забележан зголемен број на полициски патроли јавуваат новинските агенции.Засега нема официјално објаснување зошто е зголемена полициската безбедност, но агенциите јавуваат дека нивното присуство следува по соопштението на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во кое е наведено дека од денеска стартува намалаувањето на субвенциите за храна и енергија. Пред три години, кога се спроведуваше рационализацијата на горивото како економска мерка демонстранти подметнаа пожари во десетина бензиски пумпи.
XS
SM
MD
LG