Достапни линкови

logo-print

Серија бомбашки напади во Авганистан


Авганистан, Кабул, бомбашки напади

Авганистан, Кабул, бомбашки напади

Бунтовници извршија серија напади во авганистанскиот главен град Кабул и во северниот дел на земјата. Властите соопштија дека најмалку 5 авганистански војници и еден припадник на НАТО загинаа при неколкуте напади. При еден од нападите двајца бунтовници наредени со експлозив отвориле оган врз автобус со војници но биле убиени пред да успеат да ја активираат бомбата. При вооружената пресметка загиналe 5 војници. Американскиот претседател Барак Обама во четвртокот изјави дека безбедносните сили на САД и НАТО покажале голем успех во Авганистан во борбата со Талибанците и Ал Каеда. Обама додаде дека и покрај напредокот се уште постојат сериозни предизвици.
XS
SM
MD
LG