Достапни линкови

logo-print

Околу 500 луѓе се уапсени во Москва


Полицијата во Москва соопшти дека денеска се уапсени 500-тини луѓе поради спречување на меѓуетнички судир. Во соопштението е наведено дека полицијата имала информација дека руски млади националисти и лица од Кавказот се договориле да се соберат на плоштадот Манез за тепачка. Специјални безбедносни сили се поставени покрај неколку значајни места во Москва со цел да спречат немири. Голем дел од уапсените се тинејџери. Меѓуетничките тензии во Москва се зголемуваат откако загина еден фудбалски навивач при меѓуетничка тепачка .
XS
SM
MD
LG