Достапни линкови

Цветковиќ: Белград очекува детална истрага за извештајот на Марти


Србија очекува сите релеванти институции меѓу кои и ЕУЛЕКС да спроведат темелна истрага за наводите на известувачот Дик Марти за нелегална трговија со човечки органи во Косово. Ова денеска го изјави српскиот премиер Мирко Цветковиќ по денешната средба со заменик претседателот на владата во Албанија Илир Мета во Белград. Во соопштението од српската влада е наведено дека Цветковиќ и Мета заклучиле дека е неопходно и Србија и Албанија да вложат повеќе напори за подобрување на економската соработка.
XS
SM
MD
LG