Достапни линкови

На Охрид му се враќа театарската понуда со обновувањето на Охридскиот градски театар. Театарот деновиве премиерно го изведе политичкиот мјузикл „Европа“.

Со некласичната театарската претстава, современиот политички мјузикл „Европа!?“, Охридскиот градски театар во формирање, богатиот есенски репертоар го заокружува со втората премиера, на што до крајот на годинава ќе се надоврзе уште една премиера на детска претстава. За еден театар кој се уште чека да застане на здрави нозе и да добие институционална рамка, за чие обновување иницијатива постои одамна и се чека на одлука на
Се надевам дека сето ова нема да биде само почетен имплус и дека конечно оваа идеа што се заговара со години, вистински ќе заживее, и дека во иднина Охриѓани ќе имаат можност да гледаат многу претстави, да уживаат во се она што ќе го подготви градскиот театар.
Министерството за култура и поголема поддршка на општината, шест претстави месечно и три премиери во неколку месеци се голем залак, со што на Охрид му се враќа театарската понуда вон летниот период.

„Се надевам дека сето ова нема да биде само почетен имплус и дека конечно оваа идеа што се заговара со години, вистински ќе заживее, и дека во иднина Охриѓани ќе имаат можност да гледаат многу претстави, да уживаат во се она што ќе го подготви градскиот театар. И дека конечно институциите и на локално и на државно ниво ќе ја поддржат оваа идеа и ќе помогнат таа да се реализира и овој пат таа да не биде со краток здив
Подготовки за театарската претстава ,,Европа"
како што тоа беше во минатото. Сметам дека со тек на време охриѓани ќе научат да живеат со театарот, бидејќи сепак е тоа понуда повеќе и во ова време на морална криза дека ќе влијае доста особено кај младата популација да се создаде навика, односно култура на живеење и дека се она што е забава или причина за излегување нема да се сведе само на дружење со пријателите и излегување во кафеаните, туку и театарот ќе биде мотив за дружење и излегување“, вели Горан Момировски, новинар и проследувач на претставите на Охридскиот театар.

Втемелувачите и иницијатори за негово формирање се група професионални невработени актери, кои ентузијастички идејата ја туркаат и покрај сите пречки и проблеми за опстојување на театарската
Публиката реагира многу интересно, зависно од жанрот на претставата. Доколку претставата е исполнета со поразбирливи елементи, реагира прекрасно, ако претставата е потешка, тогаш чудно
реагира.
уметност во Охрид - град на културата.

„Публиката реагира многу интересно, зависно од жанрот на претставата. Доколку претставата е исполнета со поразбирливи елементи, реагира прекрасно, ако претставата е потешка, тогаш чудно реагира. Публиката не е воошто за обвинување, репертоарот мора прво да се тестира, за да се види што би можело да помине, па после да се изгради една репертоарска политика и да се направат претстави интересни за публиката, кои би имале и систем на едукација. Што се однесува до реакциите на градот, се јавија доста бизнисмени кои ни помагаат, за сценографијата, плакатите, така да мислам дека Охрид веќе го разбира театарот и како потреба и како квалитет.“

„Напорно е, работиме постојано, особено поради тоа што немаме помошни служби кои би ги вршеле сите споредни работи, но тоа е единствен начин да дојдеме до она што е наша цел. Да го институционилазираме театарот, за што сме процениле дека вреди да ја направиме таа инвестиција“, велат Горан Стојановски и Јасмина Билаловиќ, носечки актери на Охридскиот театар во формирање, кој со најновата премиера упати сериозни пораки за прашањата од нашето суштествено постоење.

„Пораката е всушност големо прашање, дали сме ние спремни да одиме во Европа? Дали ние всушност имаме потреба да одиме во Европа? Дали имаме нешто заедничко или немаме ништо заедничко со Европа. Големо прашање е што ние сакаме да прифатиме од Европа, а што немаме никаков капацитет да прифатиме. Со што сме ние исти со Европјаните и по што сме различни? И нашата порака повикува на едно многу реално проценување на состојбата. Даваме еден апел ситуацијата во нашата држава да ја смениме, да немаме некакви илузорни соништа и копнежи , а да ги подобриме конкретните ситуации, политички, општествени, прифесионални во нашата држава“, вели Софија Ристевска, режисер на политичкиот мјузикл Европа, направен по текст на современиот англиски пистател Дејвид Грег и други автори, што преку излагање на проблемите низ личните исповеди на актерите, нивна критика и релативизирање со наша и странска музика, ја разбуди Охридската публика давајќи и духовна храна во ова време на секаква криза на општеството.
XS
SM
MD
LG