Достапни линкови

Снегот го закочи движењето низ Европа


Франција

Франција

Снегот и ниските температури предзвикаа закочување на сообраќајот во неколку земји во Европа. Аеродромите во Британија, Германија, Франција, Шпанија, Холандија и Данска го откажаа поголемиот дел од летови и најавија задоцнување на останатио дел. Лошите временски услови им ги наруши плановите на 840 илјади патници кои сакаа да отпатуваат викендов од аеродромите Хитроу и Гетвик во пресрет на божиќните празници. Најмалку 2 500 патници ја поминаа ноќта во аеродромот во Франкфурт.Стотици автомобили се завеани и заглавени на автопатите низ Европа. Проблеми има и во железничкиот сообраќај. Поголем дел од компаниите го ограничиле бројот на линии.
XS
SM
MD
LG