Достапни линкови

Нападната базата на мисијата на ОН на Брегот Слонова Коска


Маскирани мажи облечени во воени униформи денеска отвориле оган врз базата на мисијата на Обединетите Нации на Брегот Слонова Коска. При нападот нема повредени соопштија од мисијата. Во соопштението се вели дека стражарите возвратиле на нападот. Обединетите нации потврдија дека на претседателските избори победил опозицискиот лидер Аласан Оутаба. Досегашниот претседател Лаурент Гбагбо се уште не сака да се симне од претседателската функција. Тој по изборите заедно со Оутаба се прогласија за претседатели на државата.
За време на протестите во четврокот загинаа над 30 луѓе.
XS
SM
MD
LG