Достапни линкови

Сунитски политичари ослободени од забраната за учество во избори


Ирачкото собрание ја укина забраната за тројцата сунитски муслимански политичари на кои не им беше дозволено да учествуваат на парламентарните избори во март поради сомневање дека се поврзани со партијата на Садам Хусеин. Еден од нив е Салех ал Мутлаг кој се смета за главен критичар на премиерот Нури ал Малики и се очекува да биде дел од новата влада. Потпаролот на премиерот денеска соопшти дека новата владина структура ќе биде објавена в понеделник.
XS
SM
MD
LG