Достапни линкови

Груевски: неправдата со името нема да е вечна


,,Членството во ЕУ и НАТО ќе дојдат сами по себе ако земјата се модернизира, реформира, а животот стане поквалитетен за сите граѓани.,, Ова го изјави премиерот Никола Груевски, обраќајќи се на конференцијата на Унијата на жените на ВМРО ДПМНЕ. Според него, историска неправда со името нема да биде вечна. Тој посочи дека од македонската страна може да се очекува само позитивен пристап и огромни напори за решавање и надминување на сегашната состојба, која што, како што рече, ја наметнува јужниот сосед. Груевски и со оценка дека сегашните критичари за ова прашање немаат морално право да го прават тоа, бидејќи и самите биле во позиција да го решат спорот со името.
XS
SM
MD
LG