Достапни линкови

logo-print

Економијата на САД ќе расте на почетокот на 2011


Берзата во Њујорк

Берзата во Њујорк

Приватна истражувачка група соопшти дека економска активност се зголемила во ноември на најголем процент од март, што укажува дека економијата на САД ќе зајакне на почетокот на следната година.
Конференцскиот одбор со седиште во Њујорк објави дека економските индикатори се зголемиле за 1,1 отсто минатиот месец најголем пораст од март, кога индексот скокна 1,4 проценти.
Летоска американскиот економски раст беше забавен, но есенва берзата повторно заживеа.
Економистите сметаат дека даночните олеснувања ќе и помогнат на економијата расте побрзо во 2011 година, но дека опасност се високата невработеност и станбениот пазар.
XS
SM
MD
LG