Достапни линкови

Без визи, но и без пари


Една година од визната либерализција. Македонските граѓани повеќе ја искористија барајќи спас од сиромаштијата, отколку туристички.

Се навршува една година отакако македонските граѓани можат слободно да се движат во земјите од Европската Унија. На 19 декември Шенгенскиот ѕид се урна, а со тоа исчезнаа и редовите пред странските амбасади за подесување на документи за виза. Граѓаните од тогаш без никакви проблеми само со повратен билет во рака и доволно пари можат да ја посетуваат било која дестинација. Колку од нив во изминатиов период ја искористија оваа шанса или пак го злоупотребија правото во потрага за подобра иднина?

Македонските граѓани тешко стигнуваат до биометриски пасош
Ниту пасоши, ниту пари за патување


Според
Па немам можност сеуште за да отидам некаде надвор. Немам пасош, а и немам средства за патување
податоците на Министерството за внатрешни работи над милион граѓани веќе имаат биометриски пасоши. Но, тие немаат информации дали поради визната либерализација е зголемен обемот на патувања во странските земји. Единствените податоци кои ги имаат е дека во првите девет месеци од годинава споредбено со истиот период лани бројот на регистрирани излези и влезови во земјава е зголемен за 4,1 отсто. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека се уште немаат ни биометриски пасош, а ни пари да отпатуваат некаде.

,,Па немам можност сеуште за да отидам некаде надвор. Немам пасош, а и немам средства за патување."

,,Немам време."
Што да искористиме кога немаме пари. Како прво, пасоши немаме


,,Нема шанси, невработен сум, на улица сум... Не размислувам за тоа."

,,Што да искористиме кога немаме пари. Како прво, пасоши немаме."

Радмила Шеќеринска од опозициската СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграција вели дека мал дел од граѓаните го искористија правото на слободно движење во земјите од Европската унија, поради беспарицата која владее во земјава.

,,Многу малку граѓани ја искористија шансата, пред се затоа што нашата економска и социјална состојба е толку лоша што малкумина се решаваат и имаат доволно средства за да патуваат надвор од границите на Македонија. Така што визната либерализација без европска, економска и политичка перспектива не е доволна."

Според Лидија Димова од Центарот за Европско образование едно од поважните достигнувања на Унијата во однос на Западен Балкан е токму стапувањето на сила на визната либерализација и тоа е првиот чекор во евроинтеграцијата на земјите. Но, колку Македонија се покажа
Ние го срушивме шенгенскиот ѕид однадвор, ама го изградивме одвнатре. Граѓаните сеуште неможат пасоши да си извадат, значи внатре поставивме ѕид
институциално зрела тоа е друго прашање, бидејќи земјата ги исполни потребните услови за добивање на визната либерализација, меѓутоа не ги подготви своите граѓани.

Враќање на ,,азилантите"
,,Ние го срушивме шенгенскиот ѕид однадвор, ама го изградивме одвнатре. Граѓаните сеуште неможат пасоши да си извадат, значи внатре поставивме ѕид."

Наместо туристи, азиланти

Пратеникот на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ задолжен за европски прашања Петар Поп Арсов вели дека визната либерализација е една од најголемите придобивки на земјата од нејзиното осамостојување. Шансата за патување без визи досега ја искористија сите граѓани кои имаа можност, а има и такви кои ја злоупотребија, вели тој.
Таа беше искористена од сите оние граѓани кои навистина имаа потреба од визната либерализација, меѓутоа за жал некои од граѓаните, пред се поведени од економски причини сметаа дека со визната либерализација можат да остварат право на азил во земјите од западна Европа

,,Таа беше искористена од сите оние граѓани кои навистина имаа потреба од визната либерализација, меѓутоа за жал некои од граѓаните, пред се поведени од економски причини сметаа дека со визната либерализација можат да остварат право на азил во земјите од западна Европа."

Укинувањето на визниот режим некои од граѓани го видоа како можност да спасат од сиромаштијата. Според податоците на Еуростат во изминативе десет месеци од годинава вкупно 4315 граѓани од Македонија побарале азил во земјите од Европската унија. Поранешниот претседател на Секретаријатот за Европски прашања, Перо Димшовски вели дека во земјата има подрачја и социјален слој на луѓе кои многу тешко успеваат економски да преживеат и тие само барале начин како да излезат од тешката ситуацијата во која се наоѓаат.

,,Тие поверуваа на одредени поединци, групи на луѓе кои сакаа да профитираат едноставно од тоа нивно патување и ветување дека можат да најдат работа и им велеа, дека можат да платат 100-200 евра за превоз да ги однесат таму и да бараат азил, а знаете како е давеник се фаќа и за сламка."

Шеќеринска смета дека причината за вакавата појава е поради тоа што Македонија се фокусираше само на техничките обврски кои го овозможија безвизниот режим, но институциите потфрлија на прашањето на барателите на азил.
Постојат агенции кои ја злоупотребија оваа состојба, дезинформирајќи ги граѓаните кои што имаат потреба од подобрување на својот економски стандард, потреба од работни места итн, итн


,,Ниту објаснија, ниту им кажаа јасно и гласно на можните кандидати за азиланти дека тоа не е во согласност со договорот што го направивме со ЕУ и дека нема да имаат шанси да избегаат и да останат таму врз основа на азил."

Арсов вели дека вината е во агенциите кои сакаа да ја злоупотребат лошата финансиска состојба на некои граѓани.

,,Постојат агенции кои ја злоупотребија оваа состојба, дезинформирајќи ги граѓаните кои што имаат потреба од подобрување на својот економски стандард, потреба од работни места итн, итн."

Нов засилен мониторинг

Некои европарламентарци побараа засилени мерки во однос на контролата врз граѓаните кои патуваат надвор од границите на земјата. Според Арсов тоа само се ставови на мала група на политичари.

,,Барање на поедини европарламентарци секогаш можат да одат во некои правци кои имаат за цел укинување на визната либерализација меѓутоа тоа се поединци кој што можеби во моментите кога се давала таа визна либерализација кон граѓаните на Македонија, и тогаш биле против."

Фактот дека Унијата размислува да воведе засилен мониторинг заради големиот број на азиланти е многу загрижувачки сигнал за земјата, вели Димова.
Затоа што ако нив им е многу битна визната либерализација, а сепак зборуваат за некаков мониторинг преку кој ќе ги следат патувањата, покажува дека ЕУ е многу загрижена


,,Затоа што ако нив им е многу битна визната либерализација, а сепак зборуваат за некаков мониторинг преку кој ќе ги следат патувањата, покажува дека ЕУ е многу загрижена."

Димшовски смета дека работите ќе одат во насока на зголемена конторола на извршување на мерките, кои веќе се предвидени според шенгенскиот протокол.

,,Веројатно мерките ќе одат во насока на зголемена контрола на влез, покажување пари, односно ќе ги спроведуваат мерките кои шенгенскиот протокол и сега ги предвидува, меѓутоа тие не се спроведуваат бидејќи знаеме дека би создало големи колони итн, по аеродромите, по границите, доколку се спроведува во целина."

Шеќеринска се сложува со Димшовски дека граничарите во европските земји во иднина построго ќе ги практикуваат правилата.

,,Ќе бараат точно одредена сума на пари, дел од документите што досега ги сметаа за нетолку важни и тоа е една од најлошите страни на овој развој на настаните."

Во земјава во изминатиов период меѓународната заедница испраќаше пораки
Тоа е влада што годишно троши по 30 милиони евра за рекламирање и тврди дека тие реклами се наменети за информирање на граѓаните. Епа ако постоеше некоја причина која што навистина беше вредна да се дадат пари и да се информираат граѓаните, тоа беше оваа
до владата дека во иднина треба да биде запрен бранот на азиланти. Според Димова тоа ќе се постигне доколку владата повеќе ги информира граѓаните, што значи визната либерализација.

,,Систематски се прави врз основа на тоа што вие однапред ќе утврдите кои ви се целните групи кои можат да ја злоупотребат визната либерализација, а тие не ја злоупотребуваат затоа што сакаат, туку затоа што секој си бара ,,чаре". Мора да најдете начин како да стигнете до тие граѓани."

И Шеќеринска смета дека излезот е во информираноста.

,,Тоа е влада што годишно троши по 30 милиони евра за рекламирање и тврди дека тие реклами се наменети за информирање на граѓаните. Епа ако постоеше некоја причина која што навистина беше вредна да се дадат пари и да се информираат граѓаните, тоа беше оваа."

Но, и во казните за оние кои го злоупотребуваат безвизниот режим. Владата на премиерот Никола Груевски падна на двата теста, вели Шеќеринска.
Сметам дека во иднина ќе имаме многу помалку вакви случаи и дека едноставно ова повеќе ќе бидат инциденти, отколку правила


,,За жал стана јасно дека т.н. туристички агенции кои никнаа преку ноќ и нудеа можности за идните азиланти, се очигледно во блиски контакти и врски со власта и ниту една од нив до ден денешен не е казнета."

Арсов вели дека со правила реакција на сите надлежни институции и со помош и соработка со Европската унија ова прашање ќе биде надминато.

,,Сметам дека во иднина ќе имаме многу помалку вакви случаи и дека едноставно ова повеќе ќе бидат инциденти, отколку правила."

Вистинските придобивки од визната либерализација според Димшовски ќе можат да се почуствуваат во годините што доаѓаат.

,,Една година е премалку за да се почувствува вистинското влијание на визната либерализација. Јас мислам дека во перспектива треба да се гледаат работите, потребно е таа визна либерализација да опстои неколку години и ќе видите јас верувам дека ќе даде многу позитивни, социјални и секакви други ефекти врз овдешниве земји."

Претседателот Ѓорѓе Иванов во своето годишно обраќање во собранието изјави дека со безвизниот режим се ликвидирала една голема пречка во поврзувањето на Македонија со светот и тој придонел за промоција на нашите вредоности. Според Иванов неговото правилно користење ќе покаже дека граѓаните засужено се дел од европскиот слободен простор. Тој истовремено ги повика граѓаните можноста за подобра егзистенција да не ја бараат во социјалните фондови на Унијата, туку во придобивките на Европа кои овозможуваат општествени индивидуален развој и напредок.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG