Достапни линкови

logo-print

Коњановски - немам 8 стана, 2 куќи и.....како што прашува ОМ


Министерот за одбрана Зоран Коњаовски категорично ги отфрли како невистинити обвинувањата за неговата имотна состојба упатени денеска од Љубе Бошковски, лидер на Обединети за Македонија.
Коњановски со порака до ОМ да се обратат до Антикорупциската комисија за да се утврди дали се точни нивните тврдења.
Од оваа партија побара одговор од Коњановски дали живее во Скопје во луксузна куќа во населбата Црниче за која плаќа месечна кирија од 2000 евра, а пријавува 500 евра, има ли намера да ги пријави двете нови куќи изградени во центарот на Охрид, дали, имал намера да ги пријави двата деловни простора лоцирани во Охридската чаршија и осумте стана кои ги добива како резултат на добро завршена бизнис зделка со добро познатата градежна фирма.
XS
SM
MD
LG