Достапни линкови

Свобода - Црна Гора да ги забрза реформите


Известувачот на Европскиот парламент за Хрватска Ханес Свобода, ја поздрави денеска одлуката на Советот на ЕУ за доделување статус кандидат за членство во Унијата на Црна Гора, но нагласи дека земјата мора да го забрза процесот на реформи.
Црна Гора мора како и сите останати земји на Западен Балкан да спроведат сериозна борба против корупцијата, изјави Свобода.
Тој во врска со Македонија, изјави дека преговорите за членство се уште не почнале, поради пребавните внатрешни реформи како и нерешениот проблем околу името кое го оспорува Грција.
XS
SM
MD
LG