Достапни линкови

logo-print

Тивок бојкот на македонските тутунари


Прилеп

Прилеп

Според Сојузот на тутунските здруженија, во Македонија продолжува тивкиот бојкот на производителите.
Тутунарите од Прилепско имено не боле задоволни од проценката на квалитетот и цената што им ја нудат откупувачите.
Тие за идната недела, како што изјави Претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители Данчо Милевски, најавуваат средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со откупувачите.
Откупот на тутунот почна пред два дена, во законски утврдениот рок, но проблеми се појавија веднаш зашто откупувачите понудија максимум 130 денари за килограм наместо 190 колку што изнесуваше ланскиот просек и колку што најмалку бараа производителите.
XS
SM
MD
LG