Достапни линкови

Полска незадоволна од извештајот за авионската несреќа


Полскиот премиер Доналд Туск изјави денеска дека рускиот извештај за авионската несреќа во април кога загина претседателот на Полска Лех Качински, е неприфатлив. Во несреќата кај Смоленск, Русија, тогаш настрадаа и сопругата на Качински и уште 94-ца официјални претставници. По повеќемесечна истрага, Русија и го предаде извештајот на Полска. Туск, не навлегувајки во детали од извештајот, истакна дека не е во согласност со Чикашката конвенција, со која се регулираат истрагите на авионски несреќи.
XS
SM
MD
LG