Достапни линкови

Политизацијата на институциите резултира со неуспех во разрешувањето на бројните афери. Се чини дека тие се покренуваат и завршуваат само во медиумите.

Се добива впечаток дека поголемиот дел од аферите кои се покренуваат во медиумите на истото место и завршуваат. И една и другата страна нудат документи како на пример за ,,Патриотската метла" што ја обелодени СДСМ, слично беше и со аферата ,,Надеж", а претходно и со дворските досиеја. Ова го отвора прашањето има или не адекватна реакција на државните органи. Повеќегодишната политизација на институциите доведе до тоа повеќе никој да не е сигурен дали аферите се вистински. Ниту граѓаните повеќе незнаат кому да му веруваат:
Кај нас зборот афера често пати означува манипулација, негативна, за жал секогаш кога ќе се каже зборот афера тоа се поврзува со некакви негативни дејствија на власта, на некој политички субјект

,,Кај нас зборот афера често пати означува манипулација, негативна, за жал секогаш кога ќе се каже зборот афера тоа се поврзува со некакви негативни дејствија на власта, на некој политички субјект, на некој центар на моќ и слично, но медиумите всушност постојат нели за да ги контролираат оние кои вршат јавни функции."

вели комуникологот Климе Бабунски. Претходно информациите до кои дојдоа некои медиуми покажаа дека директорот на УБК Мијалков има неприајвен имот во Чешка. Во овој случај Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека нема никаков договор за купопродажба на имот. Претседателот Селами повика доколку некој во државата било да се тоа политички партии, има, поседува некаков таков договор да го достави до Државната комисија. Засега нема информации дали на Комисијата документите и се доволни што и беа доставени деновиве од партијата на Бошковски. Од аспект на функционирање на институциите добро е тие секојдневно, перманентно во нормално темпо да си ги вршат работите, а не тоа да биде прашање на кампања, изјави Драган Малиновски поранешен претседател на Антикорупциската комисија:
Верувам дека институциите функционираат, односно се движат многу случаи кои во јавноста и не излегуваат, меѓутоа кога говориме за крупните случаи тука повеќе кампањски, но повеќе и сеирџиски сакаме да ги третираме нив


,,Верувам дека институциите функционираат, односно се движат многу случаи кои во јавноста и не излегуваат, меѓутоа кога говориме за крупните случаи тука повеќе кампањски, но повеќе и сеирџиски сакаме да ги третираме нив. Институците на некој начин после тоа подлегнуваат на таков начин на работа, што на крајот на краиштата и се одразува на квалитетот на самите разрешници, зборувам за правната и легална рамка на разрешница на овие случаи."

Експертите се сигурни дека некои афери се продуцираат со одредена цел за да им послужат на одредени политичко економски групи во одреден момент, но може исто така да се каже дека на прсти можат да се избројат аферите кои добиваат судска разрешница:

,,Јавноста треба да дебатира, меѓутоа институциите и треба да имаат одреден однос кон таквото третирање, да не кажам одредена отпорност на таквите напливи на политика, на кампања итн, тие треба едноставно да си го сработат предметот согласно своите постапки."
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG