Достапни линкови

Република Српска ке ја маркира границата со муслиманско хрватската федерација


Претседателот на Република Српска Милорад Додик соопшти дека Република Српска ќе ја маркира граничната линија со Муслиманско-хрватската федерација, независно од тоа што канцеларијата на Високиот претставник на меѓународната заедница го смета за беспредметно минувањето на гранична линија меѓу двете административни единици на Босна, јави Танјуг.
Додик во Сараево изјави дека маркирањето на линијата е нужно од прагматични причини и дека било предвидено во анекс на Дејтонскиот договор, но не било реализирано затоа што во последните 10 години босанските муслимани не сакале активно да се ангажираат во создавањето на заедничка комисија за маркирање на линијата, како и за секој друг проект, важен за Република Српска.
XS
SM
MD
LG