Достапни линкови

logo-print

ЕУЛЕКС - Истрага за злоупотреба со увоз на тутун на Косово


ЕУЛЕКС ги приведе на сослушување генералниот директор на косовската царина Наим Хуруглица и шефот на правната служба во Министерството за економија и финансии Љуљзим Рафуна, кој истовремено е и директор на правната служба во Царина.
Истрагата е спроведена поради сомневање за злоупотреба на службената должност поврзана со увозот на тутун во декември 2008 година.
ЕУЛЕКС полицијата извршила претрес во просториите на Министерството за економија и финансии и во косовската Царина. Извршен е претрес и во три приватни куќи во Приштина.
XS
SM
MD
LG