Достапни линкови

ЕУ самит - датумот за преговори со Македонија повторно одложен


Шефовите на држави и влади на ЕУ, на денешниот втор ден од Самитот во Брисел, треба да расправаат за проширувањето на Унијата и да ги разгледаат заклучоците на Европската комисија и на Министерскиот совет за напредокот на земјите од Западен Балкан, влучувајќи ја и Македонија.
Се очекува лидерите на ЕУ да го потврдат заклучокот на Министерскиот совет за Македонија кој нотира дека земјата ги исполнила критериуми поради што ЕК ја повтори препораката за отворање на пристапните преговори, но оти на тоа прашање ќе се навратат за време на идното, унгарско, претседателство.
Продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Грција и очекува тој наскоро да донесе резултати, пишува во заклучокот.
Лидерите на ЕУ денеска ја прифатија препораката на ЕК за доделување кандидатски статус на Црна Гора, која стана петта држава официјален кандидат за членство во Унијата, по Хрватска, Македонија, Турција и Исланд.
XS
SM
MD
LG