Достапни линкови

Јапонија со ревизија на воената доктрина


Јапонија соопшти дека треба да се фокусира на растечката моќ на Кина, а не на заканата од Русија која влече корени од Студената војна.
Во ревизијата на одбранбената доктрина на Токио се наведува потребата од засилени врски со САД и регионалните партнери како Јужна Кореја и Австралија. Објавата во Токио доаѓа во време на тензиите на Корејскиот полуостров.
Делегација на Соединетите држави во меѓувреме ја заврши посетата на Кина, посветена на ситуацијата на Корејскиот полуостров.
Во меѓувреме, специјалниот американски претставник Бил Ричардсон ја продолжува својата посета на Пјонгјанг, со мисија да ги намали тензиите во регионот.
XS
SM
MD
LG