Достапни линкови

Македонија сто години зад европските земји


Skopje - Macedonia - from the common presentation of the IMF, WB and National Bank of Macedonia
Skopje - Macedonia - from the common presentation of the IMF, WB and National Bank of Macedonia

Со сегашниот раст, на Македонија ќе и требаат осумдесетина години да го достигне економскиот стандард, проценуваат од Светската банка.

Колку време ќе и треба на Македонија да го достигне европскиот стандард? Песимистите, по „народски“ би одговориле: за сто години. Судејки по изјавата на Лилија Бурунчук од канцеларијата на Светската банка во Македонија, оваа констатација не е далеку од вистината.

„За Македонија да го достигне нивото на 27-те земји од Европската унија, со сегашниот раст од 2,8 проценти годишно, ќе бидат потребни 86 години. Тоа би се случило под услов останатиот дел од Европа да бележи раст од 1.5 проценти годишно“

Но што претставува растот, кој постојано се потенцира, посебно кога се промовира Буџетот? Зошто е толку битен растот во проценти? На ова прашање одговара аналитичарот Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики

„Економскиот раст во земјата е една од мерките со која се утврдува дали земјата има добар перформанс, односно развој во споредба со други земји.“

Очекуваните 3,5 проценти раст за догодина се амбициозни, вели Ристеска

„3.5 е дупло повеќе од просечниот проектиран раст во Европската унија“.

Што е потребно за значаен економски раст? Бурунчук вели дека универзална рецепта нема, и објаснува :

„Има многу начини за подготовка на шпагети, но на крај, ако не додадете сол или ако ги преварите, резултатот нема да биде добар – нема да зготвите шпагети кои би можеле да се јадат. Истото важи и за развојот. И за него нема еден единствен резултат, но има одредени работи кои мора да ги наоправите и други работи кои не смеете да ги правите.“

Каде е проблемот? За објаснувањето да биде поразбирливо, еве една аналогија. Родителите, меѓу другото, своите деца неретко ги советуваат да штедат за во иднина и да се образуваат и достручуваат. Пренесете го ова на ниво на држава – дали Македонија штеди за во иднина? Бурунчук одговара:

3.5 е дупло повеќе од просечниот проектиран раст во Европската унија..

„Зошто Македонија не инвестирала толку многу? Бидејки многу троши. Трошоците и инвестициите се поврзани. Во споредба со новите земји членки на Европската унија, трошењето во Македонија е на многу високо ниво. “

Дали се унапредува образованието, од каде би требало да излегуваат кадрите кои ќе ја придвижуваат економијата? Одговорот, спортед Бурунчук пак е негативен

„Овие луѓе не се вработуваат и остануваат заробени, бидејки нивните вештини не се соодветни на денешната економија. Со тоа во Македонија има невработеност од над 30 проценти. “

На позитивната страна, Македонија, меѓу другото, ја задржа и се уште ја одржува макроекономската стабилност, а девизните резерви и задолженоста се на прифатливи нивоа, се констатира од податоците на Светската банка.

XS
SM
MD
LG