Достапни линкови

Брегот на Слоновата Коска на раб на граѓанска војна


Најмалку 15 луѓе загинале денеска во Брегот на Слоновата коска при судирите меѓу подржувачите на „двајцата претседатели“. Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ предупредува дека областа е на раб на граѓанска војна. Обединетите нации соопштија дека испратиле 800 мировници во хотелот каде што е сместен претседателот Аласан Оуатара. Неговите подржувачи најавија дека ќе продолжат со протестите се додека претходниот претседател Лаурент Гбагбо не се откаже од функцијата шеф на државата. Безбедносните сили лојални на Гбагбо се судрија со поддржувачите на Оутара.
Претходно американската амбасада во главниот град на Брегот на Слоновата Коска Абиџан потврди дека денеска е испукана ракета врз амбасадата. Причинета е материјална штета но нема повредени во амбасадата е наведно во соопштението на Стејт Департментот.
XS
SM
MD
LG